ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТИран со најголем приход од нафта во последните две години

Иран со најголем приход од нафта во последните две години

Иран во септември остварил повеќе од 3 милијарди долари приходи од продажбата на нафта, односно околу 2,61 милијарди евра. Тоа е највисок месечен приход од нафтата во последните две години, објави новинската агенција „Mehr“, повикувајќи се на најновите официјални податоци на иранската Организација за планирање и буџет.

Според последниот извештај на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), во август барел иранска нафта чинел 81,25 долари, односно околу 70,75 евра. Цената била за еден процент пониска во споредба со јули.

Од јануари до август, просечната цена на иранската нафта изнесувала 91,01 долар за барел, или околу 79,25 евра. Тоа е за 26,7 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Иранската новинска агенција „Fars“ неодамна, повикувајќи се на документ до кој дошла, објави дека приходите во иранскиот буџет од продажбата на нафта во четирите месеци заклучно со јули достигнале 91 билион томани, односно околу 6,53 милијарди евра.

Приходите малку над планираното

Иранската календарска година започнува на 21-ви март. Во првите четири месеци, односно до 21-ви јули, државата од продажбата на нафта инкасирала околу 6,5 милијарди евра, што е нешто повеќе од планираното со државниот буџет.

Владата за овој период очекувала приходи од околу 6,4 милијарди евра, што значи дека планот бил реализиран со 102 отсто.

И другите податоци што ги објавува „Fars“ покажуваат слична сума – околу 7,5 милијарди долари, односно приближно 6,53 милијарди евра приходи поврзани со нафтата.

ТРЕНДИНГ

НАЈНОВИ ВЕСТИ