ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПропаѓате затоа што се откажавте од евтиниот руски гас, им порача Песков...

Пропаѓате затоа што се откажавте од евтиниот руски гас, им порача Песков на Германците

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека падот на конкурентноста на германската економија во голема мера е последица на одлуката на Берлин да престане да купува евтин руски гас и да го замени со поскапи енергенси од други земји, пред сè од Соединетите Американски Држави.

„Забележавме дека падот на конкурентноста на германската економија главно е последица на фактот што Германија престана да купува евтин руски гас. Наместо тоа, почна да купува многу скап гас, понекогаш и неколкупати поскап на пазарот, од други земји, пред сè од Соединетите Американски Држави“, изјави Песков пред новинарите, пренесе РИА Новости.

Коментирајќи ги резултатите од изборите во Мекленбург-Западна Померанија, каде што Алтернатива за Германија (AfD) освои најмногу гласови, Песков рече дека станува збор за внатрешно прашање на Германија.

„Ова е внатрешно прашање на Германија и не би сакале детално да го коментираме. Сепак, гледаме релативно ниска поддршка за актуелната германска влада“, рече тој.

На изборите за парламентот на Мекленбург-Западна Померанија, одржани на 20-ти септември, AfD освои 38,2 отсто од гласовите по пребројувањето на 100 отсто од гласачките ливчиња.

На Русија ѝ воведоа повеќе од 30.000 санкции

Говорејќи за санкциите кон Русија, Песков наведе дека на Москва ѝ биле воведени повеќе од 30.000 различни санкции, вклучително и мерки против државата, компании, цели сектори и поединци, но дека Русија, според неговите зборови, во голема мера се приспособила на нив.

Коментирајќи го законот што го потпиша американскиот претседател Доналд Трамп, со кој се овозможува воведување нови санкции против Русија, Песков рече дека тој потег не придонесува за подобрување на односите меѓу Москва и Вашингтон, ниту за напредок во решавањето на украинското прашање.

Според претходните наводи од Белата куќа, законот предвидува можност за дополнителни царини до 100 отсто на увозот од земји кои продолжуваат да купуваат руска нафта и гас, како и царини до 500 отсто на стоки со руско потекло што директно се увезуваат во САД.

Песков оцени и дека НАТО останува „инструмент на конфронтација“ и дека суштината на Северноатлантската алијанса низ годините не се променила.

„Тоа е блок создаден за конфронтација. Тој останува инструмент на конфронтација“, рече Песков.

Тој, исто така, порача дека Русија не загрозува ниту една држава во Европа.

ТРЕНДИНГ

НАЈНОВИ ВЕСТИ