Шпанскиот премиум бренд за внатрешен дизајн пристигна во Скопје СКОПЈЕ, 17 септември 2026 – Деловниот екосистем на Flex Group го означи почетокот на ново поглавје во својот развој со официјалното отворање на првиот продажен салон на интернационалниот бренд за мебел и декор Kave Home во Македонија. Со оваа стратешка инвестиција, групацијата влегува во секторот за софистициран внатрешен дизајн, носејќи ги светските трендови директно на домашниот пазар. Основан во Шпанија во 2019 година и присутен во над 80 земји ширум светот, по само 7 години го отвора својот прв продажен салон во Македонија. Kave Home е препознатлив по својот медитерански пристап кон ентериерот – топли материјали, природни текстури и безвременски форми кои овозможуваат совршен баланс помеѓу дизајнот, комфорот и функционалноста. Колекциите опфаќаат целосни решенија за секој агол од домот и деловниот простор, вклучувајќи мебел, осветлување, декорација и современи решенија за дворот и градината.
За раководството на Flex Group, овој чекор е дел од пошироката визија за градење одржливи брендови кои поставуваат нови пазарни стандарди. „Овој чекор е уште еден доказ за нашата јасна стратешка определба – Flex Group да не биде само финансиски систем, туку сеопфатен деловен екосистем кој ја креира и унапредува секојдневната деловна и животна реалност. Како што преку дигитализацијата на Flex Pay и осигурителните решенија на Flex Broker ги редефинираме стандардите во индустријата, така и со Kave Home ја зацврстуваме нашата визија за одржлив раст во нови сектори. Нашата цел останува иста: да градиме брендови кои носат долгорочна вредност, негуваат одговорност кон заедницата и ги поставуваат стандардите на иднината,“ изјави Горан Арсов, генерален директор на Flex Group.

