ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАНово поскапување на животот во септевмри!

Ново поскапување на животот во септевмри!

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година изнесува 69 432,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2026 година која изнесува 68 675,00 денари е зголемена за 757,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец септември изнесува 84 807,00 денари.

Според најновата пресметка на Сојузот на синдикати на Македонија, само за храна и безалкохолни пијалаци на едно четири члено семејство му се потребни најмалку 25 300 денари. Трошоците за купување на облека и обувки во септемви изнесуваат  6 800 денари, а за 400 денари се пониски од оваа ставка трошоците за домување, односно за подмирување на сметките за станарина, електрична енергија, затоплување на домот и за сметките за вода се потребни 6 400 денари. Следуваат трошоците за образование кои се секоја година високи во месец септември поради стартот на учебната година, годинава тие се на ниво од 7 200 денари. 5 600 денари во анализираниот месец се потребни за спорт и рекреација. А речиси идентични се и трошоците кои ги пресметале синдикалците за јавен транспорт на четиричленото семејство. Ресторанските и хотелските услуги во деветито месец од годинава се искачија на 4 130 денари. Трошоците за комуникации се 3700 денари, за здравство 1200 денари, за одржување на хигиената во домот 2 600 денари. И за оснатани услуги нешто над 1100 денари. 

 „Со изнајмен стан од 60м2 Синдикална минимална кошница вкупно би изнесувала 84.807 денари“, се наведува во пресметката на ССМ.

Поради ваквите трошоци за живот во континуитет синдикалците бараат зголемување на минималната и просечната плата, бидејќи куповната моќ на граѓаните на Македонија е една од најслабите не само во регионот туку и во цела Европа.

И.П