23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо сепак ќе замине за Цирих!?

Роналдо сепак ќе замине за Цирих!?

ronaldo zlatna topka

Ѕвездата на Португалија и Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ќе присуствува на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“, објавија медиумите во Шпанија. Според информациите, од мадридскиот клуб преку телефонски разговор ја информирале ФИФА за ваквата одлука.

Шпанските медиуми се соменваат дека Роналдо ќе се појави на церемонијата која ќе се одржи во Цирих на 13-ти јануари. Португалецот влезе во конфликт со претседателот на ФИФА, Сеп Блатер поради зборовите на Швајцарецот, кој го спореди Португалецот со командант на теренот.

Потоа се појавија информациите дека голгетерот на „кралевите“ ќе ги бојкотира сите официјални манифестации на ФИФА во знак на протест.

Роналдо се најде меѓу тројцата финалисти за „Златната топка“. Другите двајца се Франк Рибери и Лионел Меси. Долго време францускиот репрезентативец беше фаворит за престижната награда, но по добрите резултати на Португалецот во последниов месец и најмногу во баражот со Шведска, улогите им се заменија.

Букмејкерите веќе го ставија Роналдо како убедлив фаворит. „Sportingbet“ дава коефициент од 1.33 за него, Меси е втор со 4.00, а Рибери е трет со 8.50. Уште поголема е разликата помеѓу Роналдо ( 1,30 ) и Рибери (10.00 ) во „William Hill“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП