ПочетнаКОМПАНИИСо 6,4 милијарди долари годишно, „Toyota“ ја забрзува автоматизацијата

Со 6,4 милијарди долари годишно, „Toyota“ ја забрзува автоматизацијата

Toyota Motor проценува дека модернизацијата на нејзините фабрики може да чини 1 трилион јени, односно 6,4 милијарди долари годишно, почнувајќи од 2028-ма година. Најголемиот светски производител на автомобили според пазарниот удел го забрзува воведувањето на автоматизација и роботика, објави „Reuters“.

Низ целата автомобилска индустрија, производителите сè повеќе се свртуваат кон роботиката за да ги намалат трошоците, но и да се справат со застарената инфраструктура и недостигот на работна сила. Според аналитичарите, оваа стратегија би можела да отвори простор за раст и надвор од производството на автомобили.

Проценката за инвестициите ги опфаќа „Toyota“, компаниите од нејзината групација и главните добавувачи. Јапонската компанија не прецизирала колку години ќе трае процесот, но пред инвеститорите навела дека ќе бидат потребни околу 400.000 роботи за управување со автоматизацијата во фабриките на овие компании.

Во сумата се вклучени замена на постојните машини и поставување нова опрема, како и хуманоидни и нехуманоидни роботи.

Потенцијалната инвестиција, за која со инвеститорите се разговарало претходно овој месец, е поврзана со автоматизацијата на фабриките и опфаќа индустриски роботи, автоматизирана логистика и идно соработување меѓу луѓето и роботите во производствените погони.

Во белешка до клиентите, аналитичарите од „Bernstein“ истакнуваат дека зголемениот фокус на Toyota врз роботиката би можел да влијае врз проценките на инвеститорите за нејзиниот потенцијал за раст и надвор од автомобилската индустрија.

И други големи светски производители на автомобили настојуваат да ја зголемат употребата на хуманоидни роботи.

„Hyundai Motor“, која е сопственик на производителот на хуманоидни роботи „Boston Dynamics“, соопшти дека планира да воведе хуманоидни роботи во својата фабрика во Џорџија, САД, од 2028-ма година.

Во Кина, најголемиот автомобилски пазар во светот, сè повеќе автомобилски компании гледаат на роботиката како на потенцијален нов извор на приходи.

„Xpeng“, „Xiaomi“, „Li Auto“ и „Geely“ се меѓу производителите на електрични автомобили кои преземаат чекори кон роботиката, иако нивните стратегии се разликуваат.

Претходно годинава, „Xpeng“ соопшти дека планира да започне со масовно производство на своите роботи до крајот на 2026-та година. Во почетокот роботите би се користеле во сопствените продавници и деловни објекти на компанијата.

Во текот на следната година „Xpeng“ планира да ги понуди роботите и на поширокиот пазар во Кина и во странство.

„Xiaomi“, компанија за потрошувачка електроника која својот прв електричен автомобил го претстави дури во 2024-та година, годинава започна со тестирање на хуманоидни роботи во една од своите фабрики.

ТРЕНДИНГ

НАЈНОВИ ВЕСТИ