Кога ќе ја отвориме темата за урбаниот развој на Скопје во последната деценија, неизоставен дел од приказната е BALFIN Group – трендсетер во полето на недвижностите и управувањето со големи капитални објекти. Токму BALFIN Group стои зад најголемиот трговски центар во земјава, East Gate Mall, кој го промени лицето на Скопје и има силен позитивен ефект на домашната економија, а амбициозните планови на групацијата не застануваат тука.
Со секој нов проект, BALFIN Group го менува лицето, но и ја зголемува атрактивноста на околината во која тој се наоѓа. Добар пример за тоа е капиталниот проект East Gate Mall, кој откако е отворен го заживеа претходно заборавениот дел од Скопје и секојдневно привлекува илјадници посетители од околината, од другите градови, па дури и од соседните земји. Но, проектите на BALFIN се разновидни и можат да се најдат не само во Македонија, туку и во Албанија и Косово, како што е луксузниот хотел M-Gallery на Зелениот брег, импозантната Vlora Marina, но и повеќе ритејл паркови на клучни локации кои го трансформираат начинот на кој луѓето купуваат и живеат.
Проектите на BALFIN GROUP се „отпорни на иднината“
Преку наоѓање на вистинските проекти и вешто соочување со предизвиците во пазарите каде е присутна, групацијата BALFIN се позиционираше како една од најактивните и најзначајни приватни групации на македонскиот пазар, но и пошироко. А со проектите од полето на трговијата, малопродажбата и недвижностите, групацијата не само што донесе нови брендови и современи содржини за локалниот потрошувач, туку и придонесе кон отворање на нови работни места, развој на локалната економија и создавањето на нова култура на врвно потрошувачко искуство.
Сеедно дали се работи за голем и возбудлив трговски центар, мултифункционален станбен комплекс, објект за забава или пак социјален проект, Balfin Group како една од најважните инвестициски групации во регионот секогаш ги реализира проектите по највисоки стандарди и става силен фокус на иновацијата и новитетите кои може да им ги овозможи на идните посетители.
Тоа може да се забележи во изборот на проекти на BALFIN Group, која развива и инвестира во проекти кои се „отпорни на иднината“, односно проекти чија трајност и употребливост нема да биде загрозена од следната поголема иновација, туку кои ќе функционираат во согласност со современиот и брзо променлив начин на живот на модерниот човек. Па така, како одговор на се’ поголемата побарувачка за врвно шопинг искуство започна да инвестира во изградба на ритејл центри – шопинг концепт кој е адаптиран на потребите на совемениот потрошувач. Место каде што може да се ужива во присуството и да се пазарува, но и место за одмор и починка, каде што не мора да се грижите дали ќе најдете каде да го паркирате автомобилот бидејќи ритејл центрите имаат обезбедено место за сопствен паркинг.
Ритејл парковите како одговор на потребите на модерниот потрошувач
Во 2022 година групацијата го отвори својот прв ритејл парк West Park во Корча, чија успешна работа предизвика голем интерес и денес овој парк претставува една од најважните шопинг локации во земјата. А сега, ритејл парковите доаѓаат и во Македонија. BALFIN Group веќе ја најави изградбата на дури пет нови ритејл паркови во различни градови од Македонија, чии конкретни локации ќе бидат официјализирани во следниот период.
Значаен број на големи и успешни проекти стојат зад името на Balfin Group, особено во последната деценија – период во кој оваа групација имаше силно учество во трансформацијата на регионалниот пазар преку нивните инвестиции во Македонија, Албанија и Косово. Портфолиото на BALFIN Group постојано се проширува со значајни проекти во повеќе држави како Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Холандија, САД и Канада, а во овој момент групацијата вработува преку 5.000 луѓе на пазарите каде што е активна. Со ова, BALFIN Group само го потврдува своето реноме како доверлив, успешен и амбициозен инвеститор кој има визија да го обликува светот на иднината преку создавањето на простори каде што луѓето ќе можат да ги остварат своите замисли и да го добијат токму она што го посакуваат.



