ПочетнаЗДРАВЈЕНовата Longevity Epigenetic линија на Eucerin го одржува младешкиот изглед што подолго!

Новата Longevity Epigenetic линија на Eucerin го одржува младешкиот изглед што подолго!

Стареењето на кожата е природен процес, но начинот на живот и влијанијата од околината можат дополнително да го забрзаат. Сонцето, стресот, недостатокот на сон и другите секојдневни фактори оставаат трага врз кожата, која со текот на времето станува посува, помалку еластична, а фините линии стануваат повидливи.

Факторите од нашата околина и животниот стил можат да влијаат врз активноста на гените, а со текот на годините таквите промени можат да остават трага и врз процесите поврзани со младешкиот изглед на кожата. Токму со ова се занимава епигенетиката, врз чија научна основа Eucerin ја создаде својата нова линија Longevity Epigenetic, наменета за потребите на кожата над 30 години, со појава на првите знаци на стареење. Во центарот на формулите е Epicelline, активна состојка развиена со цел да ги поддржи природните процеси на кожата и да помогне во намалувањето на видливите знаци на стареење.

За целосна рутина, линијата комбинира три чекори: Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic серум за лице, EUCERIN Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic дневен крем за лице со SPF 30 и EUCERIN Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic ноќен крем за лице.

Серумот за лице има лесна текстура и е наменет за интензивна нега на зрелата кожа. Тој помага кожата да изгледа посвежо и помазно, подготвувајќи ја за следните чекори од негата. Во текот на денот, EUCERIN Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic дневниот крем за лице со SPF 30 обезбедува хидратација и заштита од сончевото зрачење, бидејќи изложеноста на сонце е еден од факторите што придонесуваат за предвремено стареење на кожата. Навечер, кожата добива дополнителна нега со EUCERIN Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic ноќниот крем за лице. Формулата со Epicelline и Provitamin B5 е создадена за да ја поддржи регенерацијата на кожата во текот на ноќта, кога кожата природно се фокусира на процесите на обновување.

Трите производи се надополнуваат во едноставна рутина која ја следи кожата во текот на целиот ден. Грижата за зрелата кожа не треба да биде само реакција на видливите знаци на стареење, туку секојдневна рутина која ѝ помага на кожата да го задржи својот свеж, негуван и младешки изглед што подолго.