ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАНа македонската економија и е потребна европска интеграција пред официјалното членство во...

На македонската економија и е потребна европска интеграција пред официјалното членство во ЕУ!

Европската перспектива на Македонија веќе подолго време не се гледа само како политичка опција за државата, туку тој пат е потребен за земјава за продлабочување на економските партнерства кои со децении веќе се градат. Секако дека македонската економија е мала, и е отворена и длабоко поврзана со Европската Унија а за тоа потврда даваат статистичките податоци за тоа колку важен трговски партнер и инвеститор е ЕУ. Од Стопанската комора акцентираа неколку пораки кои се битни за трговската размена со земјите од унијата.

Стопанствениците се децидни, за македонскиот бизнис, европската интеграција не е политичка опција, туку економска и развојна потреба. Тоа веќе го потврдуваат нашите компании кои работат со европски компании, извезуваат на европскиот пазар, и се дел од европски синџири на снабдување и ги применуваат европските стандарди. Затоа, од Комората велат дека од наша перспектива, европската интеграција не треба да биде нешто што ќе започне со членството.

„Европската интеграција треба да се случува денес. И тука доаѓаме до суштината – бизнисот не може бесконечно да биде „на пат кон Европа“. Повеќе од две децении зборуваме за европската перспектива на нашата земја. Но, економијата нема бесконечно време за чекање. Во економијата, изгубеното време е изгубена конкурентност, и тоа е нешто што мораме отворено да го кажеме. Европа не е само дестинација – Европа е стандард. Македонскиот бизнис јавно и многу јасно потврдува секојдневно дека е спремен да се бори да го достигне тој стандард, и всушност, во многу аспекти го достигнува и надминува“, велат од Стопанската комора.

Од ова бизнис здружение додаваат дека, Стопанската комора може да биде мостот меѓу европските институции и македонските компании. Не само преку информирање, туку преку конкретна подготовка – поддршка која Комората би ја обезбедувала со поддршка на ЕУ делегацијата, во насока на обезбедување на подготвеност на нашите компании за исполнување на критериумите и барањата на ЕУ пазарот. Но исто така и за доедукација на кадри за некои од клучните прашања за унапредување на економската соработка со ЕУ.

Ваквите објаснувања на бизнис заедницата е добро позната за претставниците од унијата и велат дека се спремни тоа да го испорачаат, но секако со подрдшка од македонска страна. Токму Амбасадорот Рокас се осврна на важноста од продолжување на реформските процеси и понатамошно усогласување со стандардите на ЕУ, со активно учество на деловната заедница. Од аспект на пристапување кон единствениот пазар, тој се осврна на извештајот кој треба да биде објавен на 30.09.2026 година, и кој треба да сумира можности за постепена интеграција и пристап до единствениот пазар на ЕУ за земјите-кандидати за членство во ЕУ, како и на можностите кои се отвораат доколку се запази темпото на имплементација на обврските преземени со Реформската агенда, со оглед на неискористените средства од страна на другите држави од регионот на Западен Балкан, кои може да станат достапни за Македонија доколку соодветно се исполнуваат чекорите зацртани во Реформската агенда.

Дека има интерес и дека компаниите се волни и спремни да работат на целосно приклучување кон единствениот пазар на ЕУ, е за бизнис заедницата од Македонија е повеќе од јасно. Но, велат и дека се соочуваат со бројни прашања кои потекнуваат од правила и стандарди на единствениот пазар на ЕУ, кои нашата економија ја ставаат во специфична позиција. Од една страна, компаниите од земјава не можеме да ги користат поволностите како фирмите основани во ЕУ. Како примери ги наведуваат структурните и кохезиони фондови или Спогодби за слободна трговија што ги склучува ЕУ, а сепак во многу сегменти треба да ги исполнуваат истите обврски, и затоа е важна економска интеграција и пред членството. Затоа според Комората е важно продолжување на континуираниот дијалог меѓу бизнис-заедницата и институциите на Европската Унија, како и потребата од натамошно продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес.

И.П