Каратистката на „Макпетрол“, Јована Мицовска, освои сребрен медал на Европското универзитетско првенство во боречки спортови, што во организација на ЕУСА се одржува во Тирана, Албанија. Во категоријата до 61 килограм, Мицовска стигна до финалето по четири победи, а во борбата за златниот медал загуби од турската претставничка Нурбаде Бубер со 1-3.
На патот до финалето, Мицовска ја совлада Италијанката Кјара Формисано со 7-2, Ајсима Каракаја од Турција со 4-2, Изабел Франко од Португалија со 3-3 и Леа Мари Бошард од Швајцарија со 6-3. Со освоеното сребро, таа го донесе единствениот медал за македонската универзитетска репрезентација во карате на ова првенство.



