ПочетнаКОМПАНИИАндраш Себок од OTP Group и Изабела Фреј од ERSTE Group –...

Андраш Себок од OTP Group и Изабела Фреј од ERSTE Group – говорници на INFINTECH конференцијата во Порто Монтенегро на 8 и 9 октомври

Регионалната банкарска конференција го собира раководството на банките од регионот во Црна Гора.

Повеќе од 400 носители на одлуки од банкарскиот и финтек секторот од Југоисточна Европа ќе се соберат на 8 и 9 октомври во Порто Монтенегро, на годишната INFINTECH конференција, организирана од црногорската компанија Logate.

Конференцијата, која годинава го одбележува своето четврто издание, се етаблираше како централен регионален форум за размена на информации меѓу банките, регулаторите и технолошките компании од Западен Балкан.

Клучни теми

Програмата опфаќа пет области кои во моментов го обликуваат секторот:

  • Примена на вештачката интелигенција и податоците во финансиското работење
  • Усогласување на финансиските институции од Балканот со регулативата на Европската Унија
  • Отпорност на работењето и лидерство во услови на неизвесност
  • Инфраструктура отпорна на идните технолошки промени
  • Дигитализација на корисничкото искуство
infintech

Кој ќе говори?

Повеќе од 30 говорници од регионот и Европа се потврдени за овогодишното издание, меѓу кои:

  • András Sebők, заменик генерален директор, OTP Bank Plc.
  • Isabella Frey, Managing Director, George Labs (Erste Digital)
  • Yuliya Starokozheva, CIO, Raiffeisen Bank Ukraine
  • Fatbardha Rino, CEO, Jet Bank
  • Siniša Adžić, CEO, Nova Banka
  • Vladimir Bošković, CMO, NLB Komercijalna Banka
  • Karim Taga, Managing Partner, Arthur D. Little

Цени и регистрација

Индивидуалната котизација изнесува 500 евра, додека групниот билет за најмногу пет лица чини 1.500 евра.

Цената вклучува пристап до програмата, настаните за вмрежување и оброците за време на конференцијата.

Регистрацијата е отворена на infintech.me.