Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), во јули 2026 година 223 711 туристи оствариле 795 083 ноќевања.
Во јули 2026 година, од вкупниот број туристи, 43.0 % се домашни, а 57.0 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во јули 2026 година изнесува 795 083, од кои 67.2 % се од домашните туристи, а 32.8 % од странските туристи.
Во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 1.5 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 1.8 %, а кај странските има зголемување за 1.3 %.
Во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.5 % така што кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските има зголемување за 2.0 %.
Според ДЗС, најмногу странски туристи во мај пристигнале од Турција 50 955, од Србија 13 074, од Германија 5 393 и од Романија 5 090.



