Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 9/2026 за долгови доспеани до 31.05.2026 и неплатени до 31.08.2026 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.09/2026 објавени се 2.008 должници – правни лица (повеќе за 2 од претходната листа) и 3.232 физички лица (повеќе за 38 од претходната листа).

