ПочетнаЕКОНОМИЈАКој колку должи? УЈП ја објави новата Листа на должници

Кој колку должи? УЈП ја објави новата Листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 9/2026 за долгови доспеани до 31.05.2026 и неплатени до 31.08.2026 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.09/2026 објавени се 2.008 должници – правни лица (повеќе за 2 од претходната листа) и 3.232 физички лица (повеќе за 38 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.09/2026 изнесува 13.641.590.644 денари, (повеќе за 448.069.273 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 13.458.337.534 денари, (повеќе за 460.042.264 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.253.110 денари (помалку за 11.972.991 од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.