На германскиот пазар на труд може да му недостасуваат околу 723.000 квалификувани работници до 2029 година, што е речиси двојно повеќе отколку во 2025 година, според податоците објавени денес од Институтот за германска економија (IW).
Недостатокот на стручен кадар во 2029 година може да биде најголем во секторот за продажба, каде што веројатно ќе има недостиг од околу 39.100 работници, објави „Шпигел“.
Недостатокот на работници кои се грижат за деца ќе се зголеми на 29.900, а ќе има околу 23.600 непополнети работни места во областа на социјалната работа и социјалната педагогија.
По нив следуваат здравствената и медицинската грижа со дефицит од околу 18.700 луѓе и работните места за електроинсталатери каде што ќе има недостиг од околу 17.000 работници.
Авторот на студијата, Александар Бурштеде, рече дека голем број луѓе ќе се пензионираат во наредните години и дека приливот на нов персонал од странство нема да може да го компензира ова.
Според моменталните податоци, минатата година на германскиот пазар му недостасувале речиси 370.000 квалификувани работници.



