Македонската универзитетска карате репрезентација в понеделник заминува за Тирана, каде што од 9 до 11 септември ќе настапи на Европското универзитетско првенство во боречки спортови во организација на ЕУСА.
-Нашата репрезентација во Тирана заминува подготвена, мотивирана и со јасна желба за успех. По завршените подготовки македонските каратисти се подготвени да го дадат својот максимум и достојно да го престават Македонскиот универзитетски спорт и македонското карате на европска сцена. Свесни сме дека нѐ очекува исклучително силна конкуренција, но во Тирана заминуваме добро подготвени, единствено жалиме што на ова првенство поради организацискиот дел на пријавување нема да може да пријавиме тимови во машка и женска конкуренција во дисциплината кумите, затоа што организаторот воведе правило, сите студенти во екипниот дел да мора да бидат од ист универзитет, истакна селекторот Бошко Заборски.

