ПочетнаКОМПАНИИ„Broadcom“ очекува голем раст на продажбата на AI чипови во следните две...

„Broadcom“ очекува голем раст на продажбата на AI чипови во следните две години

Американската технолошка компанија „Broadcom“ прогнозираше силен раст на продажбата на чипови за вештачка интелигенција во следните две години, обезбедувајќи нови докази дека интересот на големите технолошки компании за инфраструктурата за вештачка интелигенција останува висок. Во исто време, инвеститорите внимателно го следат повратот од огромните инвестиции во оваа технологија.

Акциите на компанијата со седиште во Пало Алто, Калифорнија, поевтинија за повеќе од 1 отсто во продолженото тргување, иако дел од загубите подоцна беа надоместени.

Нивната вредност годинава порасна за околу 6 отсто, што е значително помал раст во споредба со конкурентите и со поширокиот индекс на полупроводници, поради продолжените сомнежи околу огромните трошоци за развој на вештачката интелигенција и засилената конкуренција.

„Broadcom“, чии прилагодени „AI3 чипови ги користат компании како „Meta Platforms“, „Google“, кој е дел од „Alphabet“ и „OpenAI“, сега очекува приходите од „AI“ чипови да достигнат околу 115 милијарди долари во фискалната година што завршува во октомври 2027-ма година. Тоа е зголемување во однос на претходната прогноза од повеќе од 100 милијарди долари.

Компанијата очекува приходите од „AI“ чипови дополнително да се удвојат и да достигнат околу 230 милијарди долари во фискалната 2028-ма година.

Прогнозата покажува дека инвестициите во вештачката интелигенција се шират и надвор од скапите процесори на „Nvidia“, што им оди во прилог на компании како „Broadcom“, кои произведуваат чипови по нарачка, но обезбедуваат и мрежни компоненти што ги поврзуваат „AI“ системите.

Додека големите технолошки компании се натпреваруваат во изградбата на „AI“ инфраструктура, нарачките за „AI“ чипови на „Broadcom“ надминале 30 милијарди долари само во последниот квартал.

Извршниот директор на „Broadcom“, Хок Тан, пред аналитичарите изјави дека компанијата обезбедила доволно залихи и испораки за да ја поддржи повисоката прогноза за следната година, додека побарувачката од клиентите продолжува да расте.

Тој посочи дека компанијата има јасна слика за дополнителното воведување „AI“ инфраструктура до 2028-ма година, вклучително и повеќе од 10 гигавати за „Anthropic“, над 5 гигавати за „OpenAI“ и 3 гигавати за „Meta“.

„Тоа е обезбеден капацитет, а не само амбиција, и тој го покрива најголемиот дел од разликата во однос на она што го бараше пазарот“, изјави Патрик Мурхед, извршен директор на аналитичката компанија „Moor Insights & Strategy“.

„Broadcom“ очекува приходите во четвртиот квартал да изнесуваат околу 34,8 милијарди долари, што е под просечната прогноза на аналитичарите од 35,03 милијарди долари, покажуваат податоците собрани од „LSEG“.

Продажбата на чипови за вештачка интелигенција во третиот квартал се зголемила тројно, достигнувајќи 16,7 милијарди долари, со што вкупните приходи на „Broadcom“ достигнале 29,59 милијарди долари. Тоа е над прогнозата од 29,36 милијарди долари.

Прилагодената добивка изнесувала 3,32 долари по акција, над очекувањата на аналитичарите од 3,24 долари.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП