ПочетнаЕКОНОМИЈАЗанаетчиите бараат нов модел за паушално оданочување!

Занаетчиите бараат нов модел за паушално оданочување!

Многу е голем бројот на занаети во Македонија. За да се биде правен кон сите, од Занетчиската комора подготвуваат предлог законско решение за нов тил на паушално оданочување. Сметаат дека не може исто да плаќаат на државата малите или микро знаетите со некоја поголема компанија која врши занаетчиски дејности. Претседателот на комората Агрон Фазлији смета дека државата треба да направи фер услови за работа за сите и на тој начин ќе се зголеми бројот на паушално оданочени занаетчии.

Од Занаетчиската комора велат дека решенијата, сепак, не можат да бидат исти за сите занаетчиски дејности. Според комората, не може на ист начин да се третираат чевларот, резбарот, филигранистот, фризерот, козметичарот и другите занаетчии, бидејќи секоја дејност има различни услови за работа, трошоци и економски можности. Занаетчиите предлагаат, секое идно решение да биде во согласност со законските норми, но и со реалната состојба во која денес работат занаетчиите.

„Како Комора ќе предложиме конкретни и соодветни решенија, приспособени на специфичностите на различните занаетчиски дејности претставува значајна стимулација за зачувување на традиционалните и економски почувствителните дејности, но и конкретна поддршка за нивниот натамошен развој. Во изминатиот период, како претседател на Занаетчиската комора на Македонија, добив голем број повици и реакции од паушално оданочените занаетчии, кои со право бараат јасни и навремени одговори во врска со нивниот иден статус. Истовремено, барања и реакции пристигнуваат и од другите регионални занаетчиски комори, како и од потпретседателите на Комората, г. Сашо Богоевски и г. Кирил Трпчевски. Во следењето на состојбата е вклучена и извршната директорка, г-ѓа Јелена Спасова, која е во постојана комуникација со Управата за јавни приходи и со другите надлежни институции“, вели Агрон Фазлији претседател на занаетчиската комора.

Нивниот заеднички став велат дека е јасен, потребно според нив е да се создаваат услови за зголемување на бројот на паушално оданочените занаетчии, а не за нивно укинување или дополнително оптоварување.

Паушалното оданочување на занаетчиите постои и во други европски држави како едноставен, предвидлив и сигурен модел на оданочување.

„Во овој момент го очекуваме јасниот и официјален став, како и најавеното соопштение на Управата за јавни приходи. Потоа ќе побараме средба со сите надлежни институции, а доколку биде потребно, ова прашање ќе го отвориме и пред претседателот на Владата и министерот за финансии. Познавајќи ги практиките и решенијата во другите европски земји, уверен сум дека и кај нас може да се изгради одржлив модел кој ќе обезбеди сигурност, развој и достоинствена работа на занаетчиите. Како национална Комора, внимателно ја следиме состојбата и ќе продолжиме одлучно, одговорно и институционално да ги застапуваме интересите на сите занаетчии“, додава Фазлији.

Сивата економија останува еден од најгорливите проблеми на македонската економија. Работата на црно особено е загрижувачка во занаетчиските дејности каде има голем број на непријавени работници и занаетчии кои не плаќаат буквално ништо на државата. На тој начин се нарушува конкуренцијата кај оние совесни стопанственици кои си ги подмируваат обврските кон ин ституциите. Од Занаетчиската комора велат дека потребно е да се создадат услови за зголемување на бројот на паушално оданочени занаетчии.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП