8 декември, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако материјализмот го убива среќниот човек

Како материјализмот го убива среќниот човек

materija1

Начинот на кој живееме, зарем не гледате дека не е во ред. Многу работиме цел свој живот и тогаш на крајот од се… умираме, но умираме полни со неостварени желби, сонови и пропуштени прилики за среќа. Невротични што не сме успешни, разочарани што не сме купиле се што сме сакале, фрустрирани бидејќи сме потрошиле премногу на неважни работи. Каде е крајот на тоа?

Кога ќе престанеме да го трошиме времето и парите на работи кои никогаш нема да не направат среќни? Што навистина би не направило среќни? Главната причина поради која секој ден се будиме, одиме на работа и работиме „како црнци“ е само за да заработиме доволно за нашиот удобен живот. Денес тоа дури е и привилегија. Проблемот започнува кога ја преминуваме границата на нормалното и стануваме материјалисти, само за да импресионираме некого или да останеме во својата зона на комфорот. По можност засекогаш…

Колку се глупави луѓето кои вечно размислуваат за тоа „што би се случило да добијам на лото“, зарем не? Се што им паѓа на памет е купувањето на скапи автомобили, огромни куќи, викендици и слични работи. Вие нормално ќе бидете паметни, и сите пари ќе ги орочите во банка и остатокот од животот ќе го поминете во уживање? Засекогаш среќни, дебели и богати? За жал тоа е тој клучен момент во кој ја заменуваме нашата вистинска среќа за исполнување на испразнетите потрошувачки норми. Купи поголем автомобил, купи поголема куќа, поголем мобилен, поскапа јакна…. Купи, купи, купи!!!

Освестете се! Време е да бидете рационални и среќни!

Никогаш ништо не е доволно добро

materija2

Никогаш не се случил моментот во кој сте рекле доста. Најновиот ајфон секогаш застарува, најскапиот автомобил секогаш ја губи вредноста, комшијата секогаш гради поголема куќа која е подобра од вашата и неговата трева во дворот е позелена од вашата?! Се бориме за своите соништа кои всушност не се наши и никогаш не престануваат. Секој ден мечтите ни се поттикнати од реклами за производи кои не ни се потребни. Бараме среќа во производите кои ги купуваме, наместо да бараме моменти на радост на кои ќе се сеќаваме.

Очекуваме дека парите ќе ги решат сите проблеми

Наметнат ни е животен стил кој ни овозможува преку кредитни картички на 12, 24 или 48 рати да купиме апсолутно се за што немаме пари. Парите купуваат се, решаваат се. Имај многу пари… Немаш? Еве ти кредит, еве уште еден кредит. И така во вошебен круг си се вртиме, а всушност таму нема ништо волшебно. Пратиме трендови и го губиме својот индивидуалитет. На крајот, се што сме посакале да имаме, сме го платиле многу повеќе отколку што тоа реално чинело. Што во суштина значи, дека таа работа не оставила со празни џебови, кои никогаш не ни биле полни, ама пуста желба… Заборавивме во меѓувреме искрено да се порадуваме на работите кои не не чинат многу.

Живееме со стрес

materija3

Иако материјализмот е многу голем проблем, стресот како пратечка појава е она што на крајот не чини живот. За жал, тој нема да не убие веднаш, туку постепено. Животот кој не очекува е полн со разочарувања и постојано незадоволство бидејќи секогаш сакаме повеќе и посилно. Не смееме да се однесуваме како оние кои се платени да ги снимат рекламите. Не смееме!

Среќата стана број

Животот е збир на сите весели и радосни моменти кои сме ги доживеале. Проблемот кој се појавува е тоа што на се гледаме како на некој објект. Своите врски, жени, мажи, своите весели моменти, буквално се. Емоциите никогаш не можат да се мерат. Опуштете се, среќата нема етикета со цена, не не чини колку што чини патот околу светот. Среќата е прошетка во парк, вдомување на тажен напуштен миленик, момент во кој ќе му помогнете на некој друг, моментот кога ќе ја бакнете вашата стара баба и ќе и ги насолзите очите од среќа, моментот кога на вашиот другар ќе му кажете колку тој ви значи, кога секојдневно ќе чекорите во старите обувки без оглед на сите примамливи излози на улица….. на среќата не пишува BMW, NIKE, SAMSUNG или APPLE.

Ги губиме од вид малите работи

materija4

Најлошата работа кај материјализмот е тоа што во слепата забава трчаме кон успехот и парите. Поради тоа, под стрес брзаме за на работа, се дереме на семафор на бабите кои кочат на жолто светло, се однесуваме нечовечно, ги потценуваме луѓето и нивниот изглед, нивните небрендирани алишта и сл. Не сме нормални! Не се опуштаме доволно, се однесуваме како да не сме при себе. Секогаш во некоја нервозна состојба само трчаме понатаму, трчаме ли трчаме, не гледаме никој, газиме луѓе, газиме се пред себе и само трчаме, ловиме пари, ловиме марки, брендови, а честа каде ни е? Сигурно ни паднала некаде на патот… Ги пропуштаме ситниците во животот, пропуштаме да видиме колку е некој убав природно без скапата облека на него, ја пропуштаме насмевката на нашиот партнер, веселбата со пријателите со кои долго не сме се виделе, или ги избегнуваме бидејќи тие немаат пари како нас, нели е ова мизерно?

Сите овие работи се ситници кои повеќе ќе не развеселат и ќе ни овозможат поголема радост отколку веста за нов скап часовник или нова скапа брендирана облека. Обидете се да се отргнете од тој проклет материјалистички свет, вежбајте, и пак, и пак и пак, секој ден вежбајте како да не бидете таков. Запрашајте се зашто луѓето во своите педесети се обидуваат да се изолираат во некоја шумска викендичка, што прават тие таму, што ги задоволува, во што уживаат, дали во убавата природа, бојата на цвеќињата или убавината на тишината. Животот е во малите работи, не ги пропуштајте!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП