ПочетнаЕКОНОМИЈАДOBRO СЕ ЗАБАВУВА СО ИРАНЦИТЕ: Трамп предложи Ормутскиот теснец да се преименува...

ДOBRO СЕ ЗАБАВУВА СО ИРАНЦИТЕ: Трамп предложи Ормутскиот теснец да се преименува во ТРАМПОВ ТЕСНЕЦ

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Ормускиот теснец е под контрола на Соединетите Американски Држави.

-Сега кога е под контрола на САД, дали треба да го промениме името на Ормутскиот теснец во ТРАМПОВ ТЕСНЕЦ??? Како и самата Америка, тој би бил „попривлечен“ од кога било досега! – напиша Трамп во објавата.

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) денес објави дека два танкери за нафта биле онеспособени откако наишле на мини додека се обидувале да поминат низ Ормускиот теснец.

Во соопштението се потсетува дека морнарицата на ИРГЦ претходно предупредила на опасностите од минување низ минираниот премин низ Ормускиот теснец, како и дека се предвидени двојни казни за бродските компании кои, како што е наведено, „наместо да следат законски пат, паѓаат во измама на Соединетите Американски Држави и ги предаваат своите бродови на непријателот.

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, ги осуди неодамнешните американски напади врз свадбена забава во Сирик на југот од Иран и го обвини Вашингтон за намерно таргетирање на деца и цивили.

Во објава на социјалната мрежа X, Калибаф ги наведе американските напади врз училиште во Минаб, спортска сала во Ламерд и свадбена церемонија во Кухештак, оценувајќи дека моделот на цивилни жртви ја покажува природата на американските дејствија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП