Со селектирани светски брендови, повеќедецениска експертиза и понуда развиена според реалните потреби на здравствените работници, новиот специјализиран снабдувач гради долгорочно партнерство со медицинската заедница. Почетокот на работа го одбележува со попусти и поволности за студентите по медицина.
Со почетокот на работата на Јосиба Медикал, на македонскиот пазар се воспоставува нов специјализиран концепт за снабдување на медицинските професионалци и идните здравствени кадри со врвна професионална опрема. Понудата обединува светски брендови на медицински униформи и професионални обувки и останата медицинска опрема, со јасна цел, здравствените работници да добијат пристап до производи што одговараат на високите функционални и ергономски барања на нивната професија.
Почетокот на работата е одбележан со специјални поволности на дел од понудата, кои ќе важат до 5 септември. Во овој период, Revolution Tech ќе биде достапен со 20% попуст, Dickies EDS Signature со 25%, Revolution комплетите со 10%, машките и женските модели Core Stretch со 20%, Birkenstock со 20% и Fly Flot со 10% попуст, додека 10% попуст ќе важи и на сите комплети медицински униформи.
Во медицинската професија квалитетот на материјалите, соодветниот крој, издржливоста, удобноста и слободата на движење директно придонесуваат за подобра подготвеност во текот на денот. Токму врз оваа потреба Јосиба Медикал ја гради својата улога како специјализиран и доверлив снабдувач кој ги препознава реалните потреби на здравствените професионалци.

„Здравствените работници секојдневно носат голема одговорност и најголемиот дел од работниот ден го поминуваат во движење, целосно посветени на грижата за другите. Затоа сметаме дека опремата што ја носат мора да им обезбеди сигурност, удобност и функционалност во секој момент. Нашата амбиција е Јосиба Медикал да биде долгорочен партнер на медицинската заедница – снабдувач што внимателно ги слуша професионалците, ги следи современите стандарди и постојано ја унапредува понудата според нивните реални потреби“, велат од Јосиба Протект.
Посебно внимание е посветено и на студентите кои ја започнуваат својата професионална подготовка. За нив Јосиба Медикал обезбедува 20% попуст еднаш годишно за медицински мантил и униформа, при што двата производи не мора да бидат купени истовремено. Оваа поволност е замислена како поддршка за идните медицински кадри уште од почетокот на нивното образование и практична работа.
Јосиба Медикал е коципиран така што на медицинските професионалци и студентите им овозможува на едно место да разгледаат, споредат и пробаат различни модели и да изберат решение соодветно на нивната работна динамика. Селекцијата на брендови и модели е насочена кон функционалност, трајност и удобност, а понудата ќе се развива континуирано, во согласност со повратните информации и потребите на здравствените работници.
Зад Јосиба Медикал стои Јосиба Протект, компанија со повеќе од три децении искуство во производство и продажба на лична заштитна и професионална опрема. Јосиба Медикал претставува стратешко проширување на оваа експертиза во специјализиран сегмент наменет за здравствените работници. На тој начин, долгогодишното познавање на стандардите за заштита, функционалност и издржливост се пренесува во понуда создадена за специфичните услови и секојдневни предизвици во здравствениот сектор. Во следниот период портфолиото ќе се надополнува со нови производи и категории



