ПочетнаЕКОНОМИЈАЦГК: 4 милиони евра поделиле општините за поддршка и дотации на граѓаните...

ЦГК: 4 милиони евра поделиле општините за поддршка и дотации на граѓаните во изборната 2025 година

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за парите што ги даваат општините за субвенции и дотации на граѓаните. Истражувањето покажува дека:

⦁ 63 општини во земјава лани потрошиле 4.056.482 евра за разна финансиска поддршка и дотации за жителите во општините.
⦁ Ова е за речиси еден милион евра повеќе отколку во претходната 2024 година.
⦁ Паричната помош е доделувана според 92 различни основи.
⦁ Поединечните износи се движат до 100.000 денари за брак и 200.000 за фасада.
⦁ Пари и помош биле доделени на вкупно 58.290 граѓани.
⦁ Најмногу граѓани со помошта опфатиле Гази Баба и Кисела Вода, секоја по повеќе од 10.000 жители.
⦁ Најмногу пари поделиле скопските општини Аеродром и Центар, секоја по повеќе од половина милион евра.
⦁ Секоја општина применува свои правила, називи и основи за доделување на помошта.
⦁ Нема воедначеност на сумите што ги исплатуваат општините за иста основа. За новороденче се исплатуваат од 3.000 до 30.000 денари, а за прваче сумите се движат од 2.000 до 8.000 денари.
⦁ Нејасно е дали општините имаат ингеренции за вакви дотации и помоши, особено што секоја општина применува различни правила, процедури, постапки, износи и категории.

До целото истражување можете да пристапите преку следниот линк.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП