ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ потврди: Шенгенските правила остануваат и покрај барањата на превозниците од Западен...

ЕУ потврди: Шенгенските правила остануваат и покрај барањата на превозниците од Западен Балкан

Европската комисија потврди дека Шенгенските правила нема да се променат, иако претставниците на оваа институција се свесни дека одредени категории, вклучувајќи ги и камионџиите, се соочуваат со проблеми при влегување и излегување од европските земји кои се дел од зоната на слободно движење.

„Свесни сме дека за одреден број експерти од трети земји кои не се прекугранични работници, потребно е да имаат пристап до Шенген зоната повеќе од 90 дена во период од 180 дена. Ова важи за професии кои бараат висок степен на мобилност, како што се возачите на камиони, но и спортистите и уметниците на турнеи“, изјави Маркус Ламерт, портпарол на Европската комисија, на редовната прес-конференција.

Во исто време, важно е да се нагласи дека системот за влез и излез не воведува никакви нови правила или нови барања во врска со должината на краткорочниот престој во Шенген зоната. Тоа не се променило, додаде тој.

Неколку стотици камионџии протестираа во понеделникот во Скопје, Сараево, Белград и Подгорица, пред зградите на делегациите на Европската Унија во тие градови.

Компаниите за патен транспорт бараат решение за прашањето за нивниот престој и работа во ЕУ, односно професионалните возачи да добијат услови за престој прилагодени на спецификите на нивната работа.

Доколку Работната група во Брисел и Европската комисија не донесат преодно решение за статусот на возачите, превозниците објавија дека од 14 септември сите гранични премини во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија кон земјите од Шенген зоната ќе бидат блокиран.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП