Почнува новата учебна година. Прв пат во училишните клупи ќе седнат 14 500 првачиња. Податоците од министерството за образование велат дека оваа 2026/2027 околу 3000 првачиња има помалку во однос на ланската учебна година. Официјалните податоци од ресорното министерствот се дека во основните училишта годинава ќе има намалување на бројот на паралелки и тоа за околу 200, а во средните училишта оваа година ќе има 100 паралелки помалку во однос на лани.
Се уште не е официјално објавен конечниот број на ученици кои ќе бидат во основните и во средните училишта годинава, но тоа што се знае од ланските податоци е дека во основните училишта имало 174 илјади деца, а нешто над 67 илјади ученици биле дел од средното образование во земјава. Тоа што годинава загрижува е драстичниот пад на првачиња кои лани изнесуваа речиси 18 илјади деца. Најавено е и затворање на 26 рурални училишта во кои нема запишано ниту едно прваче. Во дел од овие училишта во изминатиот период наставата ја посетувале само од пет до осум деца.

