Велнес-индустријата во последните години добива сè поголемо значење, не само како дел од хотелската и туристичката понуда, туку и како дел од приватниот животен простор. Сè повеќе луѓе инвестираат во домашни сауни, базени, џакузи и други решенија за релаксација, recovery, longevity и превентивна грижа за здравјето. За тоа како се развива овој тренд кај нас и на регионалните пазари, разговаравме со Дијана Бадаровска, бренд менаџер во Пирин Експорт, компанија која со години работи во сегментот на комерцијални и домашни спа-центри.
- Велнес-индустријата бележи силен глобален раст во последните години. Како се развива овој тренд во Македонија и регионот?
-Македонија го следи истиот тренд што веќе е видлив и на соседните пазари на кои Пирин Експорт успешно работи последниве 15 години. Најголемата промена, според Бадаровска, е во начинот на кој луѓето го разбираат велнесот. Ако порано тој најчесто се поврзуваше со посета на спа-центар, денес сè почесто станува дел од секојдневниот живот и од домашниот простор.
„Сè повеќе клиенти размислуваат за мини сауни, спа-зони, џакузи или базени во своите станови и куќи. Велнесот постепено се оддалечува од класичниот концепт на релаксација и се поврзува со долговечност, убавина, здравје, ментална благосостојба, recovery и персонализирани решенија“, вели Бадаровска.

2.Кои производи најмногу ги бараат клиентите?
-Годинава, како што посочува Бадаровска, најголем раст има кај побарувачката за домашни базени и надворешни сауни во дворови, на тераси и во други приватни простори. Клиентите најчесто инвестираат во базени со димензии од околу 7 х 3 метри, а сè почесто додаваат и уред за контрапливање, односно систем за таканаречено бесконечно пливање.
Таквото решение овозможува базенот максимално да се искористи, без потреба од поголема димензија и инвестиција. Освен релаксацијата, пливањето останува една од најкорисните физички активности, помага во одржување на мускулатурата, ја подобрува состојбата на ’рбетот, ја зголемува кондицијата и енергијата, а позитивно влијае и врз имунитетот и здравиот сон.
Исто така позитивно сме изненадени и од трендот на топло-ладна шок-терапија, комбинација од сауна, најчесто со температура од 70-80 степени, по што следи третман во ладна када со температура од околу 3-8 степени. Овој тип терапија е наменет пред сè за поискусни, поиздржливи и физички активни корисници.
Терапијата го активира организмот, ја подобрува циркулацијата, помага при спортски повреди, побрзо опоравување на мускулите и позитивно влијае врз работата на срцето“, објаснува Бадаровска.
3.Како изгледа побарувачката на регионалните пазари?
-Пирин Експорт во последните години значаен дел од продажбата ја остварува и надвор од Македонија, особено во Косово, Албанија, Црна Гора и Хрватска. На овие пазари побарувачката најчесто доаѓа од сопственици на вили за издавање или приватни вили лоцирани покрај море, кои се одлучуваат за џакузи-кади, надворешни сауни и помали базени.
Во Албанија и Косово, компанијата работи во елитни населби како Ролинг Хилс, Фарке, Маригона Хил и други комплекси со луксузни куќи, каде што речиси секој дом има сопствена мала спа-зона составена од сауна и џакузи.

„На косовскиот пазар и понатаму сме лидери во продажба и монтажа на custom made сауни. Клиентите таму сè почесто избираат надворешни сауни поставени во дворови или на тераси, најчесто во Приштина, Брезовица и Призрен“, вели Бадаровска.
Според неа, новите трендови денес побрзо се прифаќаат затоа што информациите се лесно достапни, а клиентите се сè поинформирани. Токму затоа стратегијата на компанијата е навреме да ги доближи новите решенија до пазарот, со модели и цени приспособени на различните потреби.
Еден од најактуелните трендови годинава се ладните кади, односно ice bath решенијата. Пирин Експорт нуди модели за домашна употреба, но и професионални модели со вградени филтрациони пумпи, озонатор и сопствен систем за ладење, со што се избегнува потребата од постојано празнење, полнење и рачно додавање мраз.
4.Што следува во велнес-индустријата?
Меѓу трендовите што сè повеќе се издвојуваат, особено во Македонија, Бадаровска ја посочува солената соба со хималајска сол и халогенератор, наменета за целосна солена (хало) терапија.
Иако не станува збор за нов производ, интересот расте и кај комерцијалните објекти и во домовите на приватните корисници, бидејќи се користи како поддршка при бронхитис и различни респираторни проблеми.

Во зимскиот период, кога загадениот воздух станува сериозен проблем, луѓето бараат начини да го намалат неговото влијание врз сопственото здравје и здравјето на најблиските. Затоа, според Бадаровска, солените соби се меѓу производите со најголем раст во моментов. „Верувам дека овој тренд е само на почеток и дека во иднина ќе стане уште поактуелен“, заклучува таа.



