Во следните осум месеци на пазарот ќе пристигнат седум нови возила, додека компанијата најавува повеќе од 18 различни новитети во рамките на нови производи и нови пазарни сегменти.
Иако најавата е обемна, „Hyundai“ претстави голема глобална производствена офанзива. Компанијата планира вкупно 58 лансирања на нови модели во Северна Америка, 49 во Јужна Кореја, 41 во Европа, 26 во Индија и 22 во Кина.
Некои од овие модели веќе се познати, а „Hyundai“ потврди дека меѓу нив ќе бидат новите „Elantra“, „Tucson“ и „Ioniq 3“.
На нив ќе им се придружи „Santa Fe“ со продолжен досег, како и целосно нов глобален „SUV“ од Б-сегментот. Европа ќе добие уште еден модел од Б-сегментот, додека во Индија ќе биде претставен уште помал електричен кросовер од А-сегментот.

Пет модели во Европа
Компанијата засега не открива многу детали за останатите нови модели, но потврди дека во Европа ќе има „целосно електрифицирана понуда“, која ќе вклучува пет целосно нови кросовери и лесни комерцијални возила.
„Hyundai“ очекува благодарение на ова продажбата на електрични автомобили во Европа да порасне од 116.000 возила во 2025-та година на повеќе од 420.000 единици до 2030-та година.
Иако „Hyundai“ не открива многу дополнителни детали, потврдено е дека два нови модели од Б-сегментот ќе бидат целосно електрични.
На нив ќе им се придружат голем електричен кросовер од Д-сегментот, како и два електрични комбиња.



