ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАОд 1 ноември ИБАН станува задолжителен и за домашните плаќања

Од 1 ноември ИБАН станува задолжителен и за домашните плаќања

Од 1 ноември 2026 година, сите национални платежни трансакции во Македонија ќе се иницираат, обработуваат и извршуваат со користење на ИБАН, одлучи Советот на Народната банка.

Со новата регулатива, ИБАН станува единствена идентификациска ознака на платежната сметка и за домашните плаќања, со што националниот платен промет дополнително се усогласува со стандардите што се применуваат во рамки на СЕПА.

На седницата Советот ги разгледал и најновите макроекономски показатели. Според Народната банка, економската активност покажува нешто поповолни движења, со силен раст во градежништвото, раст на индустриското производство и угостителството.

Инфлацијата продолжува да забавува и се движи во рамките на очекувањата.

Девизните резерви на крајот на јуни изнесувале 4,94 милијарди евра и остануваат во сигурната зона, додека депозитите и кредитирањето продолжуваат солидно да растат.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП