ПочетнаАВТОБИЗ„MG 07“ со досег од 845 километри и цена од околу 14.000...

„MG 07“ со досег од 845 километри и цена од околу 14.000 евра (ФОТО/ВИДЕО)

Новиот „MG 07“ ја имаше премиерата на автомобилскиот саем во Ченгду, каде што беше објавена почетна цена од 105.900 јуани, односно околу 13.500 евра, во рамки на временски ограничената понуда.

Моделот е достапен во седум верзии, а редовните цени се движат од 108.900 до 159.900 јуани, односно од околу 13.900 до 20.400 евра. Во почетната понуда цените се движат од 105.900 до 156.900 јуани. Купувачите кои ќе го заменат својот стар автомобил можат да добијат и дополнителен попуст од 3.000 јуани.

Тоа е значително поевтино од цените објавени при почетокот на преднарачките на 29-ти јули, кога се движеа од 125.900 до 165.900 јуани.

„MG 07“ се нуди со неколку комбинации на погон и батерии.

Електрична верзија со досег од 845 километри

Најинтересна е верзијата „MG 07 EV 845“, која користи 800-волтна архитектура и батерија на „CATL“ со капацитет од 91 kWh.

Според кинескиот „CLTC“ стандард, декларираниот досег достигнува 845 километри, а автомобилот поддржува и брзо полнење со моќност од 5C.

Верзиите „650“ и „610“ користат помали батерии од 67 kWh и 400-волтна архитектура. Батериите ги произведува „Qingtao Energy“, компанија зад која стои „SAIC“.

Испораките на електричната верзија „650“ започнуваат кон крајот на август, додека верзијата со досег од 845 километри до купувачите треба да пристигне во октомври.

Постои и plug-in хибрид

„MG 07“ е достапен и како plug-in хибрид. Оваа верзија комбинира 1,5-литарски бензински мотор, специјално развиен за хибридни системи, со електромотор со моќност до 152 kW.

„CATL“ батеријата со литиум-железо-фосфатна технологија овозможува деклариран електричен досег од 245 километри според „CLTC“.

Со целосно наполнета батерија и полн резервоар, вкупниот деклариран досег достигнува дури 1.745 километри.

Според „CLTC“ стандардот, потрошувачката со празна батерија изнесува само 2,91 литри на 100 километри.

Иако по пропорциите наликува на класичен седан, „MG 07“ има „fastback“ каросерија и „liftback“ капак на багажникот.

Долг е 4.886 милиметри, широк 1.900, а висок 1.485 милиметри. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.825 милиметри.

Автомобилот има четири врати без рамки околу прозорците, како и електрично приспособлив заден спојлер со пет позиции.

Предниот багажник има капацитет од 168 литри, додека задниот нуди 697 литри простор.

Прв MG со LiDAR

„MG 07“ е првиот модел на брендот опремен со „LiDAR“ сензор, но и првиот што го користи системот за помош при возење „Momenta R7“, базиран на таканаречениот „world-model“ пристап.

Системот користи „Xheart X7“ чип наменет за големи модели на вештачка интелигенција.

Во кабината се наоѓа Qualcomm 8295P процесор и централен екран од 15,6 инчи со 2,5K резолуција.

Достапен е и аудиосистем со 21 звучник во конфигурација 7.1.4, додека најскапите верзии имаат и совозачко седиште со функција „zero gravity“.

Со почетна цена од околу 13.500 евра, „MG 07“ се издвојува како еден од поинтересните нови електрифицирани седани што се појавија на кинескиот пазар.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП