ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАБез дата центри не би постоеле Youtube, Facebook, Amazon, Instagram, Google, Yahoo, Ali...

Без дата центри не би постоеле Youtube, Facebook, Amazon, Instagram, Google, Yahoo, Ali baba, Temu!

Експертската јавнос се погласна за Дата центрите и нивното значење. Универзитетскиот професор Орце Симов, смета дека за да бидеш против дата центар денес е исто како да си против хидроцентрали и енергетска мрежа пред 100 години. Тој додава дека Дата центарот може да се  дефинира низ различни призми.

Една од дефинициите која воопшто не е поврзана со тоа што всушност е дата центар, е дека дата центар е мерка за економска развиеност на една земја. Според него, тоа значи колку повеќе дата центри во една земја, толку повисок развој. Како примери професорот Симов ги наведува дата центрите во САД кои се на број 4767, на второ место е Велика Британија со 569 дата центри, потоа следува Германија 533, Франција 393, Кина 376 и така натаму.

Дата центарот професорот Симов да го дефинира низ призма на енергетика како голем потрошувач на енергија и создавач на топлина, поточно топлана на која може да се грееме како во Скандинавија на пример. Градежнички додава дека можа да го дефинира и дека тоа е зграда во која живеат социјалните мрежи, интернет сервисите и вештачката интелигенција.

Но, да се задржиме на суштинската дефиниција што е дата центар.

„Дата центар е капацитет (објект, зграда) во кој се наоѓаат голем број на компјутерски сервери кои служат за обработка и складирање на информации. За какви информации се работи, на пример ќе го земам Facebook. Facebook не работи на мобилниот телефон или на компјутерот од кој му пристапуваме. Каде се сместени сите слики, видеа, коментари лајкови и се што се поставува на таа мрежа? Сите тие податоци се складирани во тие така наречени дата центри. Таму има голем број на сервери кои се дистрибуирани низ повеќе локации во цел свет за да се складираат податоците и да се сервираат (испратат) до корисниците кога ќе пристапат на социјалната мрежа преку мобилен телефон или компјутер“, објаснува професорот Симов.

Симов смета дека може многу да се зборува на темата и во детали да се објаснува. Ако се земат Интернет сервисите, како би постоел Youtube без дата центар, тоа според него е невозможно. Исто како и социјалната мрежа Facebook, потоа Amazon, Instagram, Google, Yahoo, Ali baba, Temu, но и електронското банкарство, дигиталните услуги, ништо нема да има без дата центри.

„Еден апсурд е тоа што главната битка против дата центри се води на Интернет и социјални мрежи кои не би постоеле ако нема дата центри.

Слична битка имаше за 5G мрежите пред пет години, а сега сите сме на 5G.

Постојат два типа на датацентри, односно класични и ВИ.

Потрошувачка на електрична енергија: Дата центрите, особено ВИ дата центрите трошат многу електрична енергија. Но тие нема да ја трошат енергијата на граѓаните, тие ќе набавуваат електрична енергија на берзите за енергија како мемо или hupx.

Типови на ладење: Воздушно ладење – не троши вода. Immersion ладење – не троши вода. Директно ладење со течност, не троши вода затоа што е затворен систем. Ладење со испарување, троши вода (испарува во атмосферата) но таа со врнежи пак се враќа на земјата. Има уште неколку системи на ладење кои не трошат вода“, додава професорот Симов

Дата центрите за економијата се од големо значење. Само како пример, во моментов Google во Германија гради дата центри со вкупна инвестиција од 5,5 милијарди евра. Годишниот придонес во БДП на Германија ќе биде само од таа инвестиција 1.016 милијарди евра. Само како споредба за во Македонија, до пред некое време барањата на граѓаните и компаниите за градење на фотоволтаични системи во РКЕ беа со вкупна моќност од 7 GW. Потребите за земјава се околу 1 GW. Тоа значи дека немаме потрошувачи, па затоа многу од барањата не се одобрени.

Но, ако се изградат дата центри, ќе има потрошувачи, и на многумина може да им се одобрат барањата да произведуваат и да ја продаваат електричната енергија. Ако во земјава има дата центри со потрошувачка од 1 GW може да се дадат одобренија за фотоволтаици за 3 GW, односно 1 GW za тековна потрошувачка, 2 за складирање за временскиот период кога не работат фотоволтаиците, смета професорот.

Симов во оваа мини анализа заклучува дека треба да се обрне особено внимание, објектот да се направи по највисоки еколошки стандарди. Дата центарот да се направи на место кое нема да го попречува животот на локалното население. Да се направи на место на кое има или дополнително ќе се направат доводи на електрична енергија со доволен капацитет за да не се загрози снабдувањето на постоечките потрошувачи. Секако и да се обезбеди електрична енергија на берзите за енергија по пазарни цени.

И.П.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП