ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАВо Македонија има над 90 илјади невработени и 100 илјади работници што работат...

Во Македонија има над 90 илјади невработени и 100 илјади работници што работат на црно!

Ново намалување на стапката на невработеност. Најновите податоци на Државниот завод за статистика велат дека во Македонија невработеноста е на ниво од 11,3 проценти. Во апсолутни бројки, во земјава има 90.020 невртаботени лица. Чудно е тоа што и покрај тоа што има огромна побарувачка на пазарот на труд, не се забележува позначителна невработеност во државата.

Најновиот извештај на државните статистичари покажува дека бројот на активното население во второто тримесечје од 2026 година е зголемен за 0.8% во однос со истото тримесечје од минатата година, додека бројот на невработени лица е намален за 1.5%. Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 63.6%, а жени 36.4%.

Бројот на вработени лица бележи зголемување од 1%. Од вкупниот број вработени, 57.7% се мажи, а 42.3% се жени. Дополнително, во второто тримесечје од 2026 година бројот на неформално вработените изнесува 101.022 лица, што претставува зголемување од 7.2% во однос на претходното тримесечје.

Извештајот покажува дека, порастот во најголема мера произлегува од зголемениот број неформално вработени во дејноста земјоделство, шумарство и рибарство, каде се евидентирани 51.487 лица, или 51% од вкупната неформална вработеност. Во градежништвото се концентрирани дополнителни 17.2% од неформално вработените. Ваквата структура укажува дека сезонските активности во овие две дејности имаат клучно влијание врз кварталните движења на неформалната вработеност.

Главни поенти

Активно население: 798.718 лица

Вработени: 708.698 лица
Невработени: 90.020 лица

Стапка на активност: 52.5%
Стапка на вработеност: 46.6%
Стапка на невработеност: 11.3%

Податоците од извештајот велат дека стапката на невработеност кај младите до 29 години е 24%. Тоа значи дека речиси секој четврти млад човек во Македонија е невработен. Ваквите податоци се еден голем пораз на целото општество кое не е во можност или нема капацитет да ги искористи домашните човечки ресурси за пополнување на дупката во стопанството и во државните институции.

Во време кога секоја индустрија кубури со работоспособен кадар, во земјава без работа се речиси 100 илјади лица.

И.П.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП