Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната бруто-произведена електрична енергија во јуни 2026 година изнесува 408 045 МWh, што претставува 91.3 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија.
Во јуни 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 446 814 МWh електрична енергија, 4.077 мил. нм3 природен гас, 264 691 тони јаглен и 102 557 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 91.3 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Според ДСЗ, потрошувачката на природен гас бележи пад од 51.1 % кој се должи на неактивноста на топлинските постројки, потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 1.1 %



