25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХонда му се приклучува на Милан на 3-ти јануари

Хонда му се приклучува на Милан на 3-ти јануари

honda milan

Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани официјално објави дека од 3-ти јануари нов играч на тимот ќе биде Кеисуке Хонда.

Јапонската ѕвезда ја напушта ЦСКА Москва како слободен агент, откако не го обнови договорот со „армејците“. Вчера Русите беа елиминирани од еврокуповите, откако загубија во директниот дуел со Плзен за пласман во Лига Европа.

„Се уште неможам да кажам дали Хонда ќе може да дебитира во Серија „А“ против Аталанта на 6-ти јануари. Причината е дека за фудбалер од земја надвор од Европската унија е потребно повеќе време за да се обезбедат потребните документи. Но, најверојатно тој ќе му биде на располагање на тренерот за гостувањето кај Сасуоло. Хонда ќе игра со бројот 10“, изјави Галијани.

Денес тој беше на официјален ручек со колегите од Ајакс пред одлучувачката вечерашна средба од Лигата на шампионите на „Сан Сиро“. Спортскиот директор Ариедо Браида и директорот Гандини исто така беа во негово друштво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП