Минималните трошоци на едно семејство за август 2026 година се зголемени за 177 денари во однос на јули 2026, покажуваат податоците со кои се пресметува висината на синдикалната потрошувачка кошничка.
Најмногу пари, односно 25.032 денари се потребни за храна и пијалоци, а потоа за режиски трошоци односно плаќање вода, електрична енергија, греење, станарина 6.379 денари. За облека и обувки се потребни 6.511 денари, за хигиена 2.692 денари, за здравство 1.196 денари.
За комуникации на едно четиричлено семејство во август годинава му биле неопходни 3.677 денари, за рекреација и култура 5.592 денари, за образование 7.192 денари, за ресторани и хотели 4.131 денари, а за останати стоки и услуги 1.100 денари.
Ова значи дека на семејство каде двајцата родители се со плати од по 35.000 денари, едвај ќе го протуркаат месецот за кој се потребни 68.675 денари.
Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, минималната синдикална кошница изнесува 84.0550 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Граѓаните се жалат на слабиот животен стандард и велат дека едвај врзуваат крај со крај.




