Ни повеќе, ни помалку Македониоја според висината на државниот долг е некаде на средина на листата на држави од Европа. Институтот за економски анализи Finance Think спроведе истражување во кое ги опфати државите од Западен Балкан, членките на Европската унија и останати држави од стариот континент. Тоа што може да се забележи е дека најголем долг има Италија, а според висината на долгот најдобро котира Лихтејнштајн.
Податоците од итражувањетѕо на Институтот Finance Think е заклучно состојбите со 2025 година. Имено, државниот долг на Италија изнесува 138,4 проценти од Бруто домашниот производ. На листата втора најзадолжена држава е Грција со 136,9 отсто од БДП. Потоа на листата е Украина 122,6 отсто од БДП, Францускиот државен долг 118,4, а првата петорка ја комплетира Белгија со државен долг од 109,2 отсто. Последна држава која долгот и надминува 100 отсто од БДП е Обединетото кралство со 103% долг од БДП.

