ПочетнаЕКОНОМИЈАДали ќе одиме во пензија на 67 години наместо на 64? Граѓаните...

Дали ќе одиме во пензија на 67 години наместо на 64? Граѓаните не сакаат да чујат за ваков предлог

Повеќето граѓани на Македонија не се подготвени да работат повеќе од сегашниот праг кој е 62 години за жени, односно 64 години за мажи, како што веќе станува пракса во повеќе европски земји.

Резултатите од анкетите откриваат дека само 13,5% од испрашаните сметаат дека можат да работат до 67 години, додека 86,5% сметаат дека тоа е премногу.

Еден од оние кои не сакаат да работат подолго е и 62-годишниот скопјанец Југослав Манасиевски, вработен како магацинер во една голема компанија.

Тој вели дека со нетрпение чека да поминат уште две години и да оди во пензија. За ништо на светот, вели тој, нема да прифатам продолжување на работниот век.

„Јас веќе ја чувствувам староста, немам доволно сила, не гледам добро, брзо се заморувам и признавам дека ми е време за пензија. Не можам да се натпреварувам со младите кои се посветени и амбициозни. Сега сакам да уживам во животот, да се посветам на семејството и да патувам. Не сакам да работам до крајот на животот. Па до кога да работам, до смрт?”, вели Манасиевски.

Според Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), воопшто не треба да се размислува за некакво зголемување на старосната граница за пензионирање.

„Напротив, треба да се воведат повеќе модели за поволни услови за пензионирање. Потребни се сериозни политики за зголемување на вработеноста кај младите преку отворање реални и одржливи работни места, поттикнување домашни и странски инвестиции, како и континуиран раст на платите. На тој начин би се зголемиле средствата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а истовремено би се намалила сиромаштијата”, велат од ССМ.

Продолжувањето на старосната граница е само една од мерките на ригорозно штедење на државните трошоци.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП