ПочетнаКОМПАНИИПроизводите на Eucerin се мојот придружник на секое патување, вели познатата водителка...

Производите на Eucerin се мојот придружник на секое патување, вели познатата водителка Билјана Дебарлиева

Подготовките за патување не мора да да бидат стресни, се’ додека знаете што точно сакате да понесете со себе. За некои луѓе, тоа се само есенцијалните работи: крпа, костум за капење, неколку пара резервна облека и се разбира, крема за заштита од сонце. Таков е случајот и со нашата позната водителка Билјана Дебарлиева, која не заминува на патување без нејзиниот Eucerin Sun Oil Control SPF 50+, кој обезбедува моќна заштита од силните сончеви зраци.

Летните месеци знаат да ја стават вашата кожа на вистински тест. Сончевите зраци сјаат најсилно во овој дел од годината, па затоа секое излегување од дома се претвора во трка за да се стигне до следната сенка. Затоа не треба да заборавате да ја заштитите кожата пред да излезете на отворено во текот на денот.

Во куферот на Билјана Дебарлиева секогаш може да се најде Eucerin Sun Oil Control SPF 50+, кој е нејзин придружник на секое патување. Без разлика дали се работи за краток викенд на отворено или пак подолг одмор на некоја егзотична дестинација, таа знае дека единствениот начин да ја заштити својата кожа е ако биде подготвена за сите предизвици.

@eucerin.nmk

Dali se spremivte za odmor? I dali znaete sto ke ponesete so sebe. Eve sto Biljana Debarlieva ke ponese na svojot leten odmor #EucerinSun#sigurna zastita

♬ original sound – Eucerin North Macedonia

Покрај заштитата од сонце, тука е секогаш и Eucerin DermoPure гелот за чистење, кој помага да се измијат сите нечистотии и ситни честици од лицето, на тој начин одржувајќи ја кожата блескаво чиста. Нејзината иновативна формула овозможува нежно отстранување на вишокот на маснотии од површината и дава мат-ефект на кожата.

Комбинацијата на овие два производи за заштита од сонце и за миење на кожата ѝ даваат најдобри шанси таа да остане еластична, нежна и сјајна – токму таква како што ја посакувате. Превентивната нега треба да биде практично задолжителна за секоја жена над 35 години која сака да го зачува младешкиот изглед на кожата и да се чувствува удобно во својата кожа. А во производите на Eucerin, ќе го најдете сето она што ви е потребно за убава и здрава кожа.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП