ПочетнаЕКОНОМИЈАЧасовниците и накитот поскапеа за 35%

Часовниците и накитот поскапеа за 35%

Институтот за економски анализи Finance Think спроведе истражување во кое се опфатени цените на 20-тина производи. Анализата е направена за периодот јули 2025 и истиот месец оваа година. Во производите, освен основните се застапени и артикли од типот на лични и други предмети и услуги, и транспортни трошоци, како и трошоци за комуникација, домување рекреација и забава, образование и останати производи.

Тоа што прво може да се забележи во оваа анализа е порастот на часовниците и накитот. За една година нивната цена според истражувањето на Институтот е зголемена за 34,8 отсто. Според висината по обемот на поскапување, на второ место е изнајмувањето на медиуми за снимање. Таа услуга за една година е поскапа за 33,5 проценти. Податоците на Finance Think покажуваат дека трошоците за предучилишна и за основно образование се зголемени за точно 30 отсто.

Во втората група на производи и услуги кои се поскапи за една година од над 20 до 15 отсто се трошоците за социјална заштита и тоа за 21,2 отсто, потоа се трошоците за горива кои се повисоки за 18,8 отсто. На оваа листа се рангирани и банкарските провизии кои во анализираниот период се зголемени за 18,7 проценти. За собирање на отпадни води трошоците се зголемени за 17,5 отсто. Билетите за посета на културни манифестации како кино, театар или музички концерти се поскапи за 16,3 отрто.

Во анализта се наведува дека цените на туристичките аранжмани се зголемени за нешто над 13 отсто. Доколку сте ангажирале мајстор за поправка на мебел, цената за неговата услуга чинела 12 проценти повеќе од ланската година. За речиси исто толку поскапеле и цигарите и тутунот. Податоците велат дека фотогравските услуги се зголемени за 11,5 отсто. 

Нешто над 10 отсто поскапување е забележано кај трошоците за собирање на отпад, за толку се зголемени и трошоците за снабдување со вода. Поправката на апарати за домаќинство чинела поскапо за 11,1 отсто, а за толку поскапеле и компјутерските делови. Автомеханичарските поправки добиле нова повисока цена за 10 отсто.

На крајот на истражувањето се податоците за поштенските услуги кои се зголемиле за 9,7 отсто како и помалите поправки и изнајмување на алати чии цени се зголемиле за 9,4 отсто.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП