ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„iPhone“ наскоро би можел да поскапи

„iPhone“ наскоро би можел да поскапи

Според нова гласина што ја објави еден типстер на социјалната мрежа „X“, „Apple“ би можел да ги зголеми цените на сите актуелни модели на „iPhone“, но и на моделите што треба да бидат претставени следниот месец, за 100 долари на американскиот пазар.

Засега не е познато колкаво би било евентуалното зголемување на цените на европскиот пазар.

Како што пренесува „GSMArena“, истиот извор тврди дека претставувањето на новите модели – „iPhone 18 Pro“, „iPhone 18 Pro Max“ и „iPhone Ultra“ – би можело да се одржи на 8-ми септември.

Датумот паѓа во вторник, а „Apple“ и во минатото одржувал презентации во вторник, па таквиот термин не би бил невообичаен.

Поскапувањето на iPhone не би било големо изненадување

Можното зголемување на цените на „iPhone“ не би било целосно неочекувано. „Apple“ на крајот на јуни веќе ги зголеми цените на сите свои производи, освен на „iPhone“, па сега смартфоните би можеле да бидат следни на ред.

Според новата гласина, сите модели на „iPhone“ на американскиот пазар би можеле да поскапат за 100 долари.

Компонентите за iPhone 18 Pro наводно се значително поскапи

Гласините доаѓаат по неодамнешните информации дека трошоците за компонентите на „iPhone 18 Pro“ се зголемиле за околу 40 отсто во споредба со претходниот модел.

Како причина се наведуваат недостигот на чипови и последователниот раст на цените на компонентите, особено на DRAM и NAND меморијата.

Поскапувањето би било помало од претходните шпекулации

Доколку новите информации се покажат како точни, зголемувањето на цените сепак би било помало од она за кое се шпекулираше во претходните месеци.

Некои извори, имено, споменуваа можност „Pro“ моделите да поскапат за неколку стотици долари.

Засега станува збор исклучиво за неофицијални информации. „Apple“ сè уште не ги потврдил ниту новите цени, ниту датумот за претставување на новите модели на „iPhone“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП