ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 39.0 % повеќе одобренијата за градење во јуни, над 100 милиони...

За 39.0 % повеќе одобренијата за градење во јуни, над 100 милиони евра предвидена вредност на објектите

Според податоците на Државнот завод за статистика, бројот на одобренијата за градење во јуни 2026 година е зголемен за 39.0 % во однос на истиот период од претходната година

Во јуни 2026 година се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0  % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за  31.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 (67.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 26 (8.8 %) за објекти од нискоградба и 70 ( 23.6 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 296 објекти, на 218 (73.6 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 78 (26.4%) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 754 станови со вкупна корисна површина од  64 266 м2.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП