Долгот на Американците на кредитни картички достигна 1,26 трилиони долари во вториот квартал од годината, приближувајќи се до рекордните 1,28 трилиони долари поставени на крајот од минатата година, покажаа податоците од Федералните резерви на Њујорк.
Долгот се зголемил за 21 милијарда долари за три месеци, а економистите го поврзуваат растот со високата потрошувачка и зголемувањето на цените на храната, горивото и другите основни производи, објави ABC.
Бројот на домаќинства кои доцнат со отплатата расте.
Уделот на долгот на кредитни картички со доцнење од повеќе од 90 дена се зголеми од 7,6 проценти во средината на 2022 година на 12,8 проценти на почетокот на оваа година.
Вкупниот долг на домаќинствата во САД достигна 18,8 трилиони долари.
Најголемиот дел се хипотеките – 13,12 трилиони долари, авто кредитите – 1,71 трилиони долари, што е нов рекорд, по што следуваат студентскиот долг – 1,65 трилиони долари и кредитните картички.



