
Овен (21.03 – 20.04)
Можете да очекувате прилика да покажете колку сте способни. Можете да се надевате на позитивен ден. Во љубовта ќе уживате во заедничките моменти кои ќе ги поминете со саканото лице.

Бик (21.04 – 21.05)
Можете да очекувате прилично мирна ситуација на деловен план, без поголеми промени или компликации. Во љубовта ако сакате да освоите некое лице кое ви се допаѓа денешниот ден е добар за тоа.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Ви доаѓа значително финансиско подобрување. Пред вас е многу поволен ден во кој ќе имате среќа. Во полето за љубов денешниот ден ви е многу поволен за љубов и страст.

Рак (22.06 – 22.07)
Можете да очекувате многу успешен ден. Ако и бидете посветени на работата ќе остварите добри резултати. Во љубовта отворено ги покажувате своите емоции кон лицето кое ви се допаѓа.

Лав (23.07 – 22.08)
Можете да очекувате многу позитивна атмосфера на полето за работа. Ќе успеете да остварите успех заедно со своите колеги. Подготвени сте за нови случувања на љубовен план.

Девица (23.08 – 22.09)
Ќе покажете колку сте искусни во својата работа, лесно ќе се снаоѓате во некои ситуации кои за другите се проблематични. Во љубота ќе уживате покрај саканото лице и ќе бидете сигурни дека сте го избрале вистинското лице за себе.

Вага (23.09 – 22.10)
Ако сакате луѓето во деловното опкружување серизно да ве сфатат, започнете да се однесувате сериозно кон работата. Во љубовта во моментов ќе ви одговара да бидете сами.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Време е да се соочите со некои проблеми кои сте ги имале во минатото и да преземете одговорност. Саканото лице од вас очекува да му покажете дека секогаш сте тука за него.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе барате начин да остварите подобра заработка. Сметате дека една работа не ви е доволна. Во љубовта лесно ќе влегувате во конфликти со саканото лице бидејќи сте прилично нервозни.

Јарец (22.12 – 20.01)
Можно е да имате некои мали недоразбирања во комуникацијата со деловното опкружување и тоа прилично да ве оптеретува. Во љубовта нема потреба да ги криете своите чувства и желби од партнерот.

Водолија (21.01 – 19.02)
Се поминува во најдобар ред. Можно е дека ќе имате прилика и малку да се одморите од работата. Саканото лице ви е максимално посветено и сака да ви пружи убави емоции. Уживајте заедно.

Риби (20.02 – 20.03)
Сега имате прилика да промените некои работи кои не ви одговараат во работното опкружување. Во љубовта доколку сте слободни можете да очекувате прилика за необврзувачки флерт со една многу атрактивна личност.



