ПочетнаЕКОНОМИЈАТурците најбројни туристи во јуни годинава

Турците најбројни туристи во јуни годинава

Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), во јуни 2026 година 113 436 туристи оствариле 221 608 ноќевања.

Во јуни 2026 година, од вкупниот број туристи, 22.8 % се домашни, а 77.2 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во јуни 2026 година изнесува 221 608, од кои 29.2 % се од домашните туристи, а 70.8 % од странските туристи.

Во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е намален за 0.5 %, односно кај домашните туристи има намалување за 3.1 %, а кај странските има зголемување за 0.3 %.

Во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е намален за 1.5 %, така што кај домашните туристи има намалување за 3.3 %, а кај странските има намалување за 0.7 %.

Според ДЗС, најмногу странски туристи во мај пристигнале од Турција 24 570, од Србија 8 522, од Германија 4 396 и од Бугарија 3 207.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП