ПочетнаКОМПАНИИАЛКАЛОИД добитник на признание за енергетски менаџмент на европско ниво

АЛКАЛОИД добитник на признание за енергетски менаџмент на европско ниво

На Конференцијата на Европските енергетски менаџери (EUREM), одржана на 16 и 17 јуни 2026 година во Љубљана, АЛКАЛОИД АД Скопје беше избран за најдобра голема компанија за енергетски менаџмент од Македонија, а доби и европско признание за своите достигнувања во оваа област.

На конференцијата беа претставени долгогодишните активности и резултати на компанијата преку презентацијата „Innovation driven optimization of RES, water and compressed air systems by ALKALOID AD’s Energy Management Department“, по што на АЛКАЛОИД му беше доделена и престижната EUREM значка.

Настанот беше организиран со особено внимание кон одржливоста, при што се водеше сметка и за намалување на CO₂ отпечатокот, во согласност со принципите на одговорно управување со ресурсите.

Ова признание претставува уште една потврда за континуираната посветеност на АЛКАЛОИД кон енергетската ефикасност, иновациите и одржливиот развој.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП