ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ги губи своите главни пазари, но извозот расте во првото полугодие

Германија ги губи своите главни пазари, но извозот расте во првото полугодие

Трговскиот дефицит на Германија со Кина се зголемува, бидејќи Пекинг има сè помала потреба од увоз од Европа, пишува „Reuters“, повикувајќи се на податоци на германската државна агенција „Germany Trade & Invest“.

Според нив, во првото полугодие извозот на Германија кон Кина е намален за 12 отсто, на нешто помалку од 37 милијарди евра.

Увозот на кинески стоки во Германија, пак, достигнал вредност од 91,8 милијарди евра, што претставува раст од 8,9 отсто.

Главна причина за намалувањето на извозот е забавувањето на кинеската економија, како и фокусот на локалните синџири на снабдување. Всушност, германските компании сега започнаа да произведуваат во Кина, а Австрија и Швајцарија купуваат германски производи произведени во Кина, покажуваат анализите.

Во 2021-ва година Кина беше втор најголем пазар за германските компании, но денес е дури на деветтото место. Германскиот бизнис истовремено мора да се справува и со царините воведени од американските власти, додава „Reuters“.

САД и натаму се најголемиот пазар за германскиот бизнис, но извозот е намален за 6 отсто, на нешто повеќе од 74 милијарди евра. Увозот на американски стоки во Германија, пак, е зголемен за 7 отсто, на 51 милијарда евра.

Генерално, германскиот извоз во првото полугодие е зголемен за 3,7 отсто и достигнал 817 милијарди евра, во услови на глобален економски раст.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП