ПочетнаЕКОНОМИЈАОд полноќ се намалуваат цените на горивата

Од полноќ се намалуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на одлуката од 4.8.2026 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 4,00 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 8,00 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,881 ден/кг. и сега ќе изнесува 43,538 ден/кг.

Од 11.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,538 (денари/килограм

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП