ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкстремните горештини го загрозуваат економскиот раст на ЕУ: Штетата може да достигне...

Екстремните горештини го загрозуваат економскиот раст на ЕУ: Штетата може да достигне 180 милијарди евра

Екстремните топлотни бранови и сушата што зафатија големи делови од Европа ова лето би можеле речиси целосно да го анулираат очекуваниот економски раст на Европската унија, се наведува во студијата објавена денеска од холандската банка Триодос.

Според извештајот на оваа банка специјализирана за одржливи проекти, нарушувањата предизвикани од топлината ќе го намалат бруто домашниот производ (БДП) на Европската унија во 2026 година за околу еден процент, што одговара на директна економска загуба од приближно 180 милијарди евра, пишува Spiegel.

Главна причина за економските загуби е падот на продуктивноста на трудот поради високите температури, што само по себе ќе го намали БДП на Унијата за околу 0,6 отсто.

Дополнително, се очекува намалување на земјоделското производство од три до седум отсто.

Студијата предупредува дека дополнителен притисок врз економијата создава скок на цените на храната, ограничувања на производството на електрична енергија заедно со нејзиниот раст на цената, како и сериозни нарушувања во патниот, железничкиот и речниот сообраќај.

Франција ќе биде најпогодената земја, бидејќи честите топлотни бранови може да го намалат БДП за 1,4 отсто и да доведат до вкупен пад на економската активност оваа година од 0,6 отсто.

На Италија, Шпанија и Белгија им се закануваат значителни загуби, додека земјите како Полска ќе претрпат поблаги последици.

Европската комисија претходно прогнозираше годишен економски раст на Европската унија во 2026 година од 1,1 отсто, додека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за еврозоната очекува скромен раст од 0,9 отсто, што укажува дека големите летни горештини можат целосно да го неутрализираат очекуваното закрепнување.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП