ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата се намали, но опасноста не помина - што се влијае на...

Инфлацијата се намали, но опасноста не помина – што се влијае на цените во продавниците

Годишната инфлација во Македонија се намали во јули, изнесувајќи 2,3 проценти, а во споредба со јуни, се намали за 0,1 проценти. Во наредниот период се очекува инфлацијата да дојде во рамките на целта на Народната банка од 2 отсто, но дека опасноста сè уште не поминала.

Целта на Народната банка, не е да имаме нулта инфлација. Инфлацијата е нешто што е позитивно ако е ниска и контролирана, велат економистите.

Во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 1.4 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 1.1 %, Облека и обувки за 0.2 %, Информации и комуникации и Здравствена заштита за 0.1 %.

Опасноста од инфлација сè уште не е помината. Таа е под контрола, но постојат различни фактори кои се надвор од контрола на Народната банка, не само во Македонија, туку воопшто, а тоа е првенствено прашањето на изворите на енергија. Блискиот Исток сè уште диктира притисок врз цената на нафтата.

Зимата ќе биде предизвикувачка бидејќи, според перспективите, крајот на конфликтот не е на повидок дури ни во Украина.

Од друга страна, има бројни предизвици со кои се соочува европската економија воопшто, падот на конкурентноста и така натаму. Секако, прашањето на односите со Кина. Долгите синџири на снабдување исто така страдаат од зголемување на тие трошоци поради цената на нафтата, а сето ова може да се акумулира во еден момент и да влијае на инфлацијата.

Сушата и конфликтот на Блискиот Исток не влијаат подеднакво на инфлацијата. Војните се човечки фактор и не се знае колку долго ќе траат, но сушите не се.

Европа, исто така, се соочува со еден од најголемите падови на житната реколта во историјата, откако екстремните горештини предизвикаа сериозни штети врз посевите.

Во исто време, сушата во главните земјоделски области во САД ги загрозува приносите на пченката и сојата.

ФАО предупредува дека можноста за невообичаено силно влијание на климатскиот феномен Ел Нињо, заедно со нарушувањата во снабдувањето со ѓубрива и високите трошоци за енергија по конфликтот на Блискиот Исток, создаваат нова серија ризици за глобалното производство на храна и меѓународната трговија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП