ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНема повеќе ограничување за бесплатниот „ChatGPT“

Нема повеќе ограничување за бесплатниот „ChatGPT“

Американската компанија за развој на вештачка интелигенција „OpenAI“ најави дека сите корисници на бесплатната верзија на „ChatGPT“ ќе добијат неограничен број текстуални разговори, со што се укинува досегашното ограничување за четување.

Бесплатните корисници и корисниците на пакетот „Go“ отсега ќе го користат новиот модел „GPT-5.6 Luna“, кој станува стандарден модел наместо досегашниот „GPT-5.5“.

Покрај тоа, корисниците ќе добијат и нова опција за подлабоко размислување – „Think“, која му овозможува на моделот да користи повеќе компјутерски ресурси при решавање посложени прашања.

„OpenAI“ нагласува дека ограничувањата и понатаму ќе постојат за функциите што бараат повеќе ресурси, како работа со датотеки, гласовна комуникација, обработка на слики и генерирање нови слики.

Промени има и за корисниците со претплата „Plus“ и „Pro“. Тие добиваат подобрена верзија на моделот „GPT-5.6 Sol“, наменета за брзи задачи како одговарање на прашања, пребарување на интернет, планирање, пишување и донесување одлуки. Според „OpenAI“, новиот модел дава поконцизни и посигурни одговори.

Корисниците на „Plus“ и „Pro“ добиваат и можност да го подесуваат нивото на размислување преку „Thinking Slider“, со што можат да одредат колку време и компјутерски ресурси ќе посвети моделот на одговорот, зависно од сложеноста на задачата.

Новиот модел за „Plus“ и „Pro“ корисниците е достапен веднаш, додека бесплатните корисници постепено ќе добиваат пристап до неограничените текстуални разговори и новата функција „Think“. „OpenAI“ наведува дека и понатаму ќе важат ограничувања за прикачување датотеки, слики и други алатки.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП