Иако многумина ја поврзуваат пролетта со садење и разубавување на градините, и летото нуди одлични можности за создавање зелени и цветни оази во дворот, на терасата или балконот. Со правилен избор на растенија и соодветна грижа, вашиот простор може да биде исполнет со боја и свежина во текот на целата сезона.
Од Градинарскиот центар Фоја советуваат дека за успешно летно садење најважно е да се изберат растенија кои добро ги поднесуваат високите температури и директната сончева светлина. Ароматични перени како лаванда,жалфија, рузмарин и други. Различни видови украсни треви, зимзелени грмушки, покривачи, дрвја и многу други растенија. Меѓутоа покрај изборот на соодветниот вид најважно за овој период – за садење во лето е растенијата да бидат одгледани во саксија – контејнерски. Бидејќи при пресадувањето, растенијата претрпуваат минимален стрес и прифатливоста е 90-100%. Во Градинарскиот центар Фоја сите видови растенија се контејнерски-погодни за садење во лето.
„Најдобро е садењето да се изведува во раните утрински или доцните попладневни часови, кога температурите се пониски и растенијата полесно се прилагодуваат на новата средина“, советуваат од Фоја.

Наводнувањето е клучно во лето
Високите температури и долгите сончеви денови значително ги зголемуваат потребите на растенијата за вода. Според експертите од Фоја, една од најчестите грешки е површното и недоволно полевање.
Наместо тоа, на ново посадените растенија се препорачува обилно наводнување директно во коренот (секојдневно првата недела и 2-3 пати неделно до крај на септември), Целта е коренот и почвата непосредно околу него да биде влажна, бидејќи новопосадените растенија првата година немаат раширен коренов систем за да ја апсорбираат водата подлабоко од земјата. Кога растението вене од недостаток на вода – итен случај, најдобро време за полевање е веднаш! А при редовно и континуирано полевање, доцна попладне или рано наутро е препорачливо.

Дополнително, експертите препорачуваат околу коренот на растенијата да се користи прекривка – слој од кора, камчиња или декоративен мулч. Ова помага влагата во коренот подолго да се задржи, го намалува растот на плевелите и ги штити корените од прегревање.
Освежете ја градината и во текот на летото
Летото е одличен период и за дополнување на постоечките зелени површини. Со комбинација на цветни аранжмани, декоративни грмушки и медитерански растенија може да се создаде пријатен амбиент кој ќе остане атрактивен до почетокот на есента.
Во Градинарскиот центар Фоја посетителите можат да најдат широк асортиман на сезонски цвеќиња, украсни дрвја и грмушки, ароматични билки, супстрати и производи за нега на растенијата. Стручниот тим е подготвен да помогне со препораки за избор, садење и правилно одржување на секое растение.

Без разлика дали сте искусен љубител на хортикултурата или штотуку започнувате со уредување на вашиот зелен агол, со неколку едноставни правила и редовна грижа, летото може да биде период кога вашата градина ќе изгледа најубаво.
Во Градинарски центар Фоја велат: “Сите растенија кои ги посакувате можат да пораснат во вашата градина! Ако, ги посадите – денес!





