ПочетнаЕКОНОМИЈАНа половина од годинава пола капитални инвестиции завршени?!

На половина од годинава пола капитални инвестиции завршени?!

Податоците на министерството за финансии покажуваат дека на крајот на јули реализацијата на капиталните инвестиции биле на ниво на реализација од 45 отсто. За оваа намена од државниот буџет биле потрошени 21 268 милиони денари. За властите тоа е сигнал дека економијата се движи во вистинска насока, но опизицијата и натаму обвинува за погрешни економски политики кои ги води актуелната извршна власт.

Од Владата посочуваат дека во периодот што следи капиталните инвестиции драстично ќе се зголемат со тоа што се добиени дополнителни средства за забрзување на капиталните инвестиции. Од Илинденска број два велат дека со тоа што се пренаменија пари за поддршка на земјоделството, општините и реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски, оваа година ќе биде рекордна по обемот на реализација на проекти кои се од клучно значење за граѓаните и општеството.

Целта според одговорните во владата за економските политики е продолжување на политиките за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии. И покрај продолжената глобална економска неизвесност предизвикана од геополитичките случувања, македонската економија покажува отпорност и стабилност. Децидни се од владата.

„За 2026 година е проектиран реален раст на бруто-домашниот производ од 3,5 проценти, при што главен двигател на економската активност ќе бидат инвестициите, поддржани од реализацијата на големите инфраструктурни проекти и капиталните вложувања на централно и локално ниво. Се очекува раст на инвестициите од 7,2 проценти, раст на просечната нето-плата од 8,3 проценти, натамошно намалување на невработеноста на 11 проценти и зголемување на стапката на вработеност на 47 проценти. Проектираната просечна инфлација за 2026 година изнесува 4,5 проценти и во најголем дел е условена од надворешните ценовни притисоци и геополитичките случувања“, велат од Владата.

Состојбата со економијата во државата е потврда за погрешното економско планирање на Владата, обвинуваат од СДСМ. Наместо конкретни мерки за подобрување на животниот стандард, Владата нуди нови задолжувања, поголем буџетски дефицит и нема одговори за тоа каде ќе завршат дополнителните средства.

„Клучното прашање е каде се потфрла повеќе, на приходната страна или на расходната страна, кај дефицитот или на сите три полиња заедно. Имаме буџетски дефицит од 7 милијарди денари, а јавноста сè уште нема одговор за што точно ќе бидат потрошени тие средства. Владата зборува за инвестиции, развој и нови проекти, но не покажува конкретен план каде ќе бидат вложени средствата, ниту како тие ќе придонесат за подобар живот на граѓаните. Економските политики на Владата немаат резултат, додека граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од растот на цените и падот на животниот стандард“, велат од СДСМ.

Останува сега да се следат активности на владата во делот на реализацијата на капиталните инвестии, за да се види дали навистина овој пат целосно се посветени и решени да ги надминат она ниво од 80 отсто реализација, со кое речиси секоја влада ја завршува календарската година.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП